Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Гоце Пауновски – “Паун“ маркет

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

“Паун“ маркетот на Гоце Пауновски, заедно со уште двајца вработени е еден од маалските дуќани кои ги снабдуваат жителите од крстосницата кај Баирското училиште се до крајот на населбата. Како и останатите кои не се во можност да работат од дома, тие, кога се препорачува СЕДИ СИ ДОМА, се во маркетот услужувајчи ги сите кои се нивни редовни купувачи.Како Гоце Пауновски заедно со уште двајца вработени ги поминуваат овие денови кога сите сме во вонредна состојба вели:

-Ние сме маалки дуќан и имаме редовни муштерии, наши комшии, пријатели и работиме со работно време кое е определено со новите мерки за заштита од корона вирусот. Кога сме кај муштериите сакам да ги пофалам дека е одговорни граѓани, кои самити се заштитуваат и со тоа и нас не заштитуваат.За тоа како тој, вработени и купувачите се заштитуваат Пауновски додава:

-На влезот имаме гелови за дезинфекција, во дуќанот пазаруваат по двајца купувачи, а ние сме заштитени со заштитни маски и ракавици. Кога се доставува некој производ во дуќанот има по еден купувач, а и доставувачите кои доаѓаат исто така се заштитени со соодветна заштитна. Снабдени сме со сите производи кои ги имавме и пред вонредната состојба и според она што ни го кажуваат добавувачите така ќе биде во иднина. Се надевам дека и во иднина ќе имаме разбирање, како и до сега, со купувачите, во однос на почитување на редот и препораките за заштита.Гоце Пауновски за тоа како го поминува своето слободно време и што им препорачува на битолчани вели:

-По работното време се опуштаме во домашна атмосфера, но работиме и од дома она што можеме, пред се плановите на набавка. Сакам да им порачам на нашите купувачи и останатите да ја почитуваме препорака “СЕДИ СИ ДОМА“, и да се пазиме себеси, семејството и сите останати. Ќе има време за дружење, убавите денови, пролетни и летни се пред нас.

More from БитолаMore posts in Битола »