Press "Enter" to skip to content

Известување на ЈП “Стрежево“ за акумулацијата “Стрежево“ и ски-центарот “Ниже Поле“

Обилните снежни врнежи кои ја зафатија нашата земја ја подобруваат хидролошката состојба на акумулацијата “Стрежево“ и реките од сливното подрачје на Хидросистемот “Стрежево“ имаат од ден во ден се повисоки водостои.

Од друга страна, како субјект кој стопанисува со ски центарот “Ниже Поле“ напоменуваме дека ски центарот и Чајџилницата од 15.03.2020 година не работат врз основа на мерките од Одлуката на Владата донесена на 14.03.2020 година за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID -19.

Јавното претпријатие “Стрежево” – Битола апелира до граѓаните да останат дома и да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата, со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид 19 во нашата земја.

Единствениот начин да се заштитиме себеси и да го заштитиме нашиот здравствен систем во екот на пандемијата е само доколку сите ние се однесуваме одговорно.

# Да бидеме одговорни и да останеме дома

More from ВестиMore posts in Вести »