Целта на овој проект е поттикнување на размислување за развивање на “комуникациските вештини“. Како со доедукација да бидеме поуспешни и спремни за сето она што не очекува понатаму во животот и работата. ЕУ ИНСТИТУТ Скопје заедно “Bitolanews“ со верува дека ќе ви овозможи преку ваквиот вид на комуникација, колумни, поттикнување на желбата и мотивацијата за подобрување и успешност на секој еден од нас.
Имплементирање на комуникациски вештини подразбира и подобрување на своите способности за правилно развивање и насочување, а со самото тоа и успешно понатамошно едуцирање, односно давање свој максимален придонес во општеството. Главен и клучен проблем во денешното функционирање е недоволната емпатија помеѓу нас самите како и некомуникација во семејството во кое живееме и функционираме, но и недоволно сочувство, разбирање и можност за изразување во средината во која работиме или учиме. За емпатијата ќе говориме во некоја од следните колумни…
Во денешното современо живеење основата на успешност на секоја единка се заснова исклучиво на имање добри “комуникациски вештини“ во секој поглед. Потребата и пристапот кон секој еден кој сака да се надгради себе си е произлезена од самата потреба за квалитетен понатамошен кадар кој ќе егзистира и допринесува во современото општество. Младината е категорија во која е потребно исклучително многу да се инвестира во постојана доедукација и имплементација на практични вештини кои не засенуваат како нација.
Ние како ЕУ ИНСТИТУТ Скопје и оваа 2020 година со сериозна ангажираност, комлетно се посветивме на имплементирање на европските вредности. Активно се посветивме на конкретна целна група, младината. Ова може да го видите преку нашите веќе спроведени проекти кои се во континуитет. Се посветивме на додедукација и осврт кон човечкиот фактор ( младо население на кое му е потребна конкретна имплементација на “комуникациски вештини“ ). Нашиот пристап е конкретен, сериозен и оправдан преку нашата цел.
Комуникациската стратегија и угледот на “Здружението за образовно истражувачка дејност ЕУ ИНСТИТУТ Скопје“ заедно со Битола News ќе помогне во подобрување на подигнување на нивото на доедукација, а со самото тоа ќе придонесе до видлив резултат и препознатливост меѓу граѓаните.
Зошто се одлучивме оваа 2020 да ја посветиме на КОМУНИКАЦИЈА ?
Коко што сите знаеме, на влез сме од Европска Униjа и НАТО интеграции и со самото тоа се јави дополнителна потреба за едукација на население согласно европските вредности. Реалната состојба во нашата земја е дека 50% од населението, а особено младото население е комплетно неписмено. Сведоци сме исто така дека имаме факултети и универзитети на секој чекор, но сепак повторно сме неписмени. Нашата мисија, визија и цел е доближување до европските стандарди и вредности во сферата на неформално образование.
Ќе издвојам само еден од многуте податоци дека во време на бивша Југославија Македонија беше една од најнапредните мали држави , дури на високото 3 место. Денеска по последните податоци на УНИЦЕФ ние сме на 68 место, позади нас е само Косово и Доминиканска Република.
ШТО Е КОМУНИКАЦИЈА ?
Постојат многу различни дефиниции за терминот комуникација.
Испраќање на порака од точката А кон точката Б се вика комуникација. Успешна комуникација е кога имаме одговор/реакција или feedback на испратената порака.
Комуникацијата претставува перманентен процес на испраќање и примање информации, со една основна цел размена на идеи.
Квалитетот на животот зависи од добри комуникациски вештини.
Сите ние секојдневно комуницираме. Живееме во време на најсовремени комуникациски алатки за масовна комуникација.
За да научиме добро да комуницираме потребно е да научиме прво добро да да слушаме!
Бидете брутално чесни со себе и размислете за вашето сопствено слушање (или не слушање) однесување. Можеби си колега или брат или пријател кој никогаш не слуша, а не си свесен за тоа, не го знаеш !
Во секој случај, како и со другите вештини во животот, треба да работиме напорно за да го подобриме нашето слушање.
ПРОДОЛЖУВА…
Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје.
ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111442






