Press "Enter" to skip to content

Уште 26 лица се сместени во карантин во хoтел “Молика“, капацитетот е исполнет

Во хотелот “Молика“ на Пелистер синоќа пристигна уште една група од 26 лица за претстој во државен карантин. Лицата се од различни градови и истите се пристигнати на скопскиот аеродром со лет од Германија.

Во моментот во “Молика“ престојуваат 99 граѓани во организиран карантин, со што капацитетот на хотелот е исполнет.

Сите активности течат според пропишаниот протокол.

More from ВестиMore posts in Вести »