Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Михајло Вангелов, гинекологија-акушерство-Клиничка болница

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Во вонредната состојба први на удар се здравствените работници кои ги дијагностицираат и лекуваат заболените, од каде ги очекуваме и првите вести за бројот на заболени и секако за излекуваните. Тоа го очекуваме од епидемилозите, но на удар се и останатите здравствени работници во другите служби. Во вонредна состојба најпријатните вести доаѓаат од одделенито каде се раѓа нов, живот, гинеколошкото одделение.

Доктор Михајло Вангелов, и неговите колеги, се токму во тоа одделение каде го слават раѓањето, новиот живот, а за тоа како ги поминуваат деновите во новонастаната ситуација и новите протоколи во Клиничката болница во Битола ни напиша:

-Во оваа вондредна ситуација, против овај невидлив непријател, ние сме тие који сме на првата линија на одбрана. Јас, а и целокупното одделение за гинекологија и акушерство при Клиничката болница во Битола, сме на располагање за нашите пациентки и трудници 24/7.  Работата на гинеколошко-акушерското одделение се одвива со нови протоколи по препораки на Министерството за здравство. Поделени сме во два работни тима или две екипи. Што се однесува до работата на одделението, се примаат само итни или неодложни случаеви, итни гинеколошки и акушерски состојби и трудници кои се во термина за раѓање.

Вангелов за емотивниот дел од работата додаве:

-Раѓањето претставува момент за паметење, најсреќен момент за родителите, за мене како гинеколог-акушер и целата екипа. Раѓањето на секое бебенце е приказна за себе, погледот на среќната, задоволната и насмеаната мајка за мене е најголема среќа. Убаво е да си дел од таа среќа, и од тој волшебен момент, посебно во овие моменти на епидемија, каде гласот на штотуку родено здраво бебенце е мотив плус што побрзо да се избориме со овој невидлив непријател.

Доктор Михајло Вангелов, гинеколог-акушер има неколку препораки до сите трудници идни мајки и доилки дека треба да ги превземаат истите превентивни мерки који се препорачуваат на останатата популација, како редовно миење на рацете, социјалното растојание и секако да останат дома колку што е можно повеќе, а за трудниците додаде дека навремена грижа при ова заболување е најдобриот начин за спречување сериозни проблеми кај мајката и плодот во кој било период од бременоста.Доктор Михајло Вангелов што се однесува до социјалната дистанцираност вели:

-Да останеме дома и да се чуваме, а со тоа ги чуваме и нашите најблиски.  Многу од вас имаат привилегија, да останат дома во изолација или карантин трудејќи се да го сочувате вашето здравје, меѓутоа никој од нас медицинските лица ја нема таа привилегија. Ние сме оние кои сме на првата линија на оваа борба, затоа ве молам да ги цените сите здравствени работници.  ОСТАНЕТЕ ДОМА И ЧУВАЈТЕ СЕ.

More from БитолаMore posts in Битола »