Од она што само пред еден месец беше препознатлива Битола, саботната кафе-шема и редовните посети на омилените кафулина за некои, купувањето по бутици за други, трети по Шеталиште и паркот, некои во Новиот пазар во Нова Битола… нема ништо.
Саботната гужва на Широк Сокак, денес сабота, нешто пред “затворањето“ на Широк Сокак и цела Битола, со полицискиот час од 16 часот кој се применува за викенди, беше заменета само со десетина битолчани, кои погледнувајќи на часовникот, се брзаа да се “приберат“ дома, почитувајќи ги препораките и забраните.
За оние кои останаа дома, поради препораките, дождот и ладното време преку неколку фотографии направени пред полициот час им пренесуваме како изледаше главната улица во Битола.
Слика за која сите сме согласни, тажна во секој поглед, Битола не ја личи без битолчани на Широк Сокак, низ Чаршија, низ Шеталиште…
Но, тоа е реалноста која сите ја живееме, со надеж дека ќе ја преживееме и ќе се вратиме на старите навики, без разлика која како ги оценува и гледа.

Тажна слика на Широк Сокак, наместо саботна кафе-шема, само десетина битолчани пред полицискиот час (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)





