Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: 29 годишна битолчанка со “сеат“ излетала од патот кај Ротино

На 05.04.2020 во 14.25 часот било пријавено дека на патот Битола – Ресен, пред Ротинска крстосница, 29 годишна битолчанка која управувала патничко возило „сеат ибица“, со битолски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.

Во незгодата А.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »