-Целосно е подготвена Клиничката болница во Битола, таму има и анестезиолози и инфектолози и медицински сестри, еден целосно физички поделен дел да биде и регионален центар за пациентите кои доаѓаат од тој дел на земјава, има респираторни машини, има и места за интензивна нега.
Вкупната бројка на кревети е 35 кревети, со можност да порасне до 100, во зависност од бројот на пациенти, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес- конференција.






