Press "Enter" to skip to content

“Кол центар“ за компаниите и граѓаните, на 02/324-8040 до информации за економските и другите мерки за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.

На LIVE Call Center – контакт линијата, која што е донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.

Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.

Изминатиот период со цел полесно да се помине кризата предизвикана од коронавирусот Владата на Република Северна Македонија донесе сет економски и други мерки за бизнисот и граѓаните.

За начинот и користењето на овие мерки компаниите и граѓаните ќе може да се јавуваат во кол центарот.

More from ВестиMore posts in Вести »