Кога ќе ја гледаме околината на Битола и битолско посебно на повисоките места можеме да забележиме дека насекаде белееат градби, задскриени во шумите, манастири.
Овие манастири ги граделе нашите предци, а само ако погледнеме повнимателно ќе ги забележиме манастирите над селата Крклино, Велушина, Буково, Лавци, Трново, Магарево…

Но, за жал ако нашите предци на најубавите места граделе манастири, а најголем дел биле градени тајно и ноќе, сега на таквите места од каде е најубавиот поглед на рамнината, кај нас Пелагонија, се градат постаменти и се поставуваат предаватели на мобилните оператори, телевизиите, радијата, радио врските…
Некој ќе рече, тоа е се си носи времето, некогаш манастири сега предаватели, кои се тука некаде до нас, кои постојано се над нас насекаде каде ќе поминеме, низ град или во природа.






