Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како да воспоставиме чувство на сигурност во кризни ситуации

Како да управуваме со себе и нашите чувства на анксиозност и паника во кризни ситуации. Оваа кризна ситуација на  изолација, полициски час со зголемено време, неможност за социјални контакти и промена на секојдневните навики.

После еден месец изолација и во исчекување на денот кога ќе се излезе од изолација потребно е да најдеме правилен начин на справување со нашите мисли и чувства. Карактеристика на нашето ментално здравје е флексибилност на мислење и однесување. Во овие ситуации кога не обземе паника, потребно е да  го знаеме т.н. модел за управување со кризни ситуации со следни чекори:

Факти    Емоции    Факти

Што значи тоа? Кога ќе ве  обземе паника во текот на денот  вратете  го чувството на сигурност со рационално објаснување и факти

Факти    Поставувајте си ги себе си овие прашања  1. Какви се проверените извори на информации денес? Колку новозаразени има денес?…

Емоции Анализирајте ги своите емоции со поставување на прашања како се чувствувам?    На пример 

  • уплашено, несигурно, иритирано што ништо не е сигурно, нема ниеден сигурен  извор на информации, не знам дали е светски заговор? 5G мрежа, и многу други прашања кои ви се вртат низ глава и ви го зголемуваат чувството на несигурност.
  • Потребно е да знаете дека е сосем нормално да се однесувате така, бидејќи е кризна (вонредна) ситуација. Вие сте сосема нормални со многубројни чувства кои се јавуваат во текот на денот,  но се наоѓате во ненормална ситуација.  Во овие денови на изолација и кризна ситуација  кога постојано сме опкружени  со вести за закана корона вирус,  зголемување на ново заболени, смрт  не е воопшто едноставно и лесно да се биде смирен. 

Се нервирам, што не можам да донесеме свој став за тоа како ќе се однсеувам. Во еден момент мислиме дека ситуацијата е крајно опасна, следен миг дека нема опасност. И прашањата дали слободно да излезам надвор, дали слободно да одам до продавница, дали да носам маска, ракавици, да одам да купувам повеќе продукти?

Може час да  се смеам на хумор, фори поврзани со корона, потоа ме нервираат вестите за коронавирусот, повторно вклучувам вести за тоа колкав е бројот на ново заразени. Не можам да ја поднесам неизвесноста, сигурно има некое објаснување на сето ова што ни се случува, голем дел  од човештвото под карантин. Може  и да   се запрашуваме  во паника  Дали имам симптоми на корона? Можеби… ме боли грло,  се гушам, кашлам, имам температура, немам температура и повторно, дали да излезам надвор или не, дали да пребарувам,  читам вести за целата ситуација со корона закана на ТВ, социјални мрежи?   Се запрашувате-  дали полудувам и дали го губам здравиот разум?

Дали сте несигурни, иритирани од разноразни информации кои ги читате дали е светски заговор, дали доаѓа крај на светот?

-Бесни, лути и се јавува револт од цела ситуација, зошто ова ни се случува, (таман оваа година 2020 добро ми тргна на секаков план, колку убаво си живеевме пред, дали е вирусот намерно направен, дали е светски заговор, уплашени од тоа што доаѓа несигурна финасикса состојба.

 Во сите овие емоционални состојби најважно е да разберете дека потребно е  останете смирени. Тоа не значи да не мислите или не чувствувате страв, паника, анксиозност.Кога ќе почуствувате вака поминете на следниот чекор – Факти  односно  Што можам да направам ЈАС.

Постојат работи кои можете да ги контролирате како што се одлуки и планови како ќе се однесувате.

-Направете рутина во денот по која ќе се раководите. Самодисциплината е клучна. Остани дома, Не излегувај без потреба, хигиена – миење раце, не го допирај лицето, очите, устата .

-Дишете длабоко неколку минути.

-Активности кои ве опуштаат, слушајте музика, гответе, прочитајте омилена книга, маправете нешто што не сте можале заради неостаток на време.

– Поминувајте време со своите деца. Бидете емпатични, запрашајте ги за нивните чувства, нека ги изразат и проживуваат. Ако се на помала возраст нека цртаат така ќе ги изразат чувствата.Учете со нив на креативен начин. Играјте социјални игри и други креативни активности.

Следете ги овие чекори постојано за да можете да  воспоставите  минимално чувство на сигурност, бидејќи во оваа ситуација нема потполно чувство на сигурност.

Ако не можете да успеете да се справите со брановитена чувства на несигурност, паниката и анксиозноста да ги држите под контрола, и вие сте под постојан притисок побарајте помош на дадените телефони за поддршка, бидејќи и тоа е во ред и одговорно однесување кон себе.