Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Филтерница – ЈКП “Водовод“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работни задачи. 

-Водата спие, вработените во “Водовод“ не, е пораката која до битолчани ја упатија вработените од филтерницата за вода при ЈКП “Водовод“ кои се на работно место, во време на вонредна состојба и полициски час.-Тука во Филтерница – Дихово, како и во сите други единици на “Водовод“ се работи непрекинато со полно работно време, 24/7, за битолчани да имаат и да пијат здрава, чиста и технички исправна вода. Тука се применуваат сите пропишани мерки за заштита кои ги имаме за време на редовното работење на Филтерницата, засилени со новите мерки кои се пропишани и кои ги спроведуваме за време на вонредната состојба, ни напишаа вработените од Филтерницата на “Водовод“.За квалиетот на водата и навремената испорака, ни рекоа дека нема да зборуваат, а бидејќи не се зборува за нив нив Битола, значи се е во ред, но порачуваат дека се надеваат и во иднина ќе биде така.

Сите кое беа во денешната смена истакнувааат дека не само кога се на работа туку и кога се дома или мораат да се движат по улица или кога претстојуваат во затворена деловна просторија ги применуваат мерките за заштита, а упатија и посебен апел до битолчани:-“СЕДИ СИ ДОМА“, додека Вие седите дома, ние во “Водовод“ работиме, да продолжиме така, да е заштитуваме сите и да се чуваме.

More from БитолаMore posts in Битола »