На 07.04.2020 во 14.48 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, пред крстосницата за село Лисолај, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 43 годишник од Битола и патничко возило „голф“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 55 од с.Лесково, Демир Хисар.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачотна голфот и сопатничката од истото возило 36 годишна жена од Демир Хисар, а возачот на “бмв“ се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.






