Press "Enter" to skip to content

Фото вест: шивачите од Народниот театар сошија 300 заштитни маски, подарок за битолската болница

-Поминуваме низ еден тежок период за кој се надеваме дека за брзо време ќе го оставиме зад нас, па затоа денес, по повод 7-ми април, денот на здравствените работници, за сето она што го прават за нас во овие тешки денови а воедно и како честитка на Клиничката болница “Др.Трифун Пановски“ од Битола, Народниот театар од Битола, ќе и подари околу триста заштитни маски.
Овие маски се направени од вредните рацете на нашите шивачи кои неколку дена работеа за истите да стигнат онаму каде што се најпотребни. Нека е честит денот на белите мантили и продолжете да се грижите за нас, а ние за Вас остануваме дома онолку колку што ќе биде потребно, стои во соопштението на Народниот театар од Битола.
 
More from ВестиMore posts in Вести »