Press "Enter" to skip to content

ЈП “Пазари“: од 8 април, денес ново работно време на пазарот

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека работното време на пазарот во Битола е од 06:00 до 14:30 часот секој работен ден од понеделник до петок.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот и стапува на сила од среда, 8 април 2020 година.

Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите, да го почитуваат работното време и да ги почитуваат превентивните мерки и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата

More from ВестиMore posts in Вести »