Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: д-р Васил Чипуровски, ординација “Чипуровски“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Д-р Васил Чипуровски е специјалист интернист, а неговата ординација “Чипуровски“ работи во текот на целиот период додека е воведена вонредната состојба, а за тоа како се одвиваше работата во новонастанатата состојба вели:

-По прогласувањето на пандемијата во првите денови се почуствува вознемиреноста кај битолчани, спроред тоа што осетно се намали бројот на пациенти кои побараа услуги кај нас. Тоа се должи и поради стравот кај пациентите од посета на болниците кои имаа посебни мерки за заштита за ширење на коронавирусот. Но, со почетокот на април, а посебно последниве денови полека се враќаме во нормално работење, иако не е како пто беше во периодот пред вонредната состојба, но се се надевам дека полека ќе се вратиме на стариот начин на работа. Ние сега вршиме ехо-прегледи на бели дробови согласно препораките на Виенскиот медицински факултет во дијагностицирање на пнеумонија. АРДС, како и превлани изливи кои се поврзани со ковид-19 и со дриги вирусни и бактериолошки инфекции меѓу кои streptoccocus, pneumonie, staphyloccocus aureus, legionela i pneumonia…Д-р Чипуровски за тоа како под вонредни услови работеше вели:

-Посебните мерки за заштита во време на епидемијата ги применувавме и ние во ординацијата. Сите пациенти кои доаѓаат доаѓаа со заштитни маски, а на влезот добиваат срество за дизинфекција, антибактериски гел, а доаѓаат само си по еден придружник. По прегледот и ехо-скринингот се дезинфецира местото. Сите пациенти кои доаѓаа немаа симптоми за коронавирус, а доколку ги имаше ќе ги упатевме според протоколите за здравство. Исто така и ние користиме комплетна заштита.

За тоа што им препорачува на неговите пациенти д-р Васил Чипуровски додава:

-Сите хронични болни да ја земаат пропишаната терапија, а доколку има потреба да направат посебни прегледи. Ако било кој има симптоми за коронавирус да се јави на матичен лекар и да ги следи протоколите кои се пропишани. А за сите кои се категориите кои се ризични да седат дома, да не го доведат во прашање своето здравје, а повозрасните да не излегуваат од дома во овој период, а обврските да им ги препуштат на помладите.

More from БитолаMore posts in Битола »