На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче се осврна и на состојбата со коронаворусот во Битола.
Филипче рече дека од вкупниот број на пациенти кои се наоѓаа на домашно лекување заболени од КОВИД-19 се веќе негативизирани, по тестовите кои се направени уште во текот на вчерашниот ден. По ова намалување на бројката сега во Битола има шест лица заболени од КОВИД-19.
Што се однесува на состојбара на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, која е регионаен центар за лекување, Филипче рече дека хоспитализирани се четири пациенти со коронавирус, тројца од нив се во стабилна состојба, а на еден пациент му е потребна кислородна подршка.






