Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.
Даниела Нечовска е менаџер на рецепција во хотел “Епинал“, а таа и останатите вработени во хотелот во вонредната состојба беа ангажирани околу лицата кои се враќаа дома, во хотелот “Широк Сока“. За ангажманот кој го имаа во изминатите две седмици додка лицата престојуваа во хотелот Нечовка вели:
-Хотел “Широк Сокак“ одговори на повикот на Владата за формирање државни карантини и ги отстапи своите сместувачки капацитети за лицата кои се враќаа дома од патувања надвор од државата и треба да издржуваат мерка строга изолација (карантин) поради пандемијата предизвикана од Ковид-19. Ние како општествено одговорна компанија продолжуваме да ги поддржуваме потребите на нашита граѓани во оваа кризна ситуација и да им помогнеме со обезбедување на соодветен престој знаејќи дека сите со нетрпение очекуваат да се вратат во своите домови. Во однос на конкретни работни задачи во оваа вонредна состојба, се водиме по Уредбата доставена од Генералниот Секретаријат.
За тоа како се одвиваше заштитата на вработените од коронавирус таа вели:
-Од голема помош ни се службениците доделени од МВР Битола, задолжени за обезбедувањето на објектот и лицата сместени во државен карантин, како и здравствените лица од ЈЗУ Клиничка болница – Битола, кои деноноќно ни стојат на располагање. Сите вработени во хотелот, сериозно пристапија кон зачувување на општото здравје и своите работни обврски ги извршуваат со комплетна заштита, почнувајќи од ракавици, заштитни маски, средсва за дезинфекцијата (поставени низ целиот објект), како и целосни заштитни одела кои се користат по потреба, а за лицата кои престојуваат во хотелот “Широк Сокак“ додава:
-Лицата сместени во хотелот самите се задолжени за хигиената во своите соби, кои не смеат да ги напуштат, а истовременно се снабдени со средства за лична хигиена, како и средства за одржување на хигиената на тоалетот и собата. Храна добиваат три пати на ден, која им се доставува до врата, а објектот во целост се дезинфицира на секои 3- 4 дена, а ваквата организација помина во најдобар ред, и се одвиваше според протоколите кои се пропишани.
Даниела Нешовска и сите вработени кои беа вклучени во организацијата на карантинот вели:
-Пораката која сакаме да ја испратиме кон нашите сограѓани е да ги почитуваат мерките за заштита пропишани од Владата, да седат дома што е можно повеќе, како и да држат социјална дистанца. На тој начин си помагаме самите себе, им помагаме на нашите најблиски, и само така заедно ќе се избориме за подобри времиња. “СЕДИ СИ ДОМА“ е универзалната порака која сите да ја почитуваме.






