Press "Enter" to skip to content

Започна викенд полицискиот час, ќе трае 61 час, од петок до понеделник

Денес во 16 часот започна забраната за движење за граѓаните, која ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Оваа забрана за движење за прв пат се донесува во Македонија, со која граѓаните ќе останат во своите домови 61 час.

Дозволено е движење на повеќе категории на граѓани, со претходна најава и добивање дозвола, граѓаните кои имаат домашни миленици ќе имаат прилика два пати во текот на денот да излегуваат надвор со милениците.

Оваа забрана која го ограничува движењето од петок до понеделнк е мерка која донесе Владата за заштита од ширењето на коронавирус, а и за идниот викенд ќе има ваква мерка кога се празнуваат Велигденските празници.

More from ВестиMore posts in Вести »