Во рамки на хуманитарната акција во борба против коронавирусот, компанијата Mozzart донираше парична помош во вредност од 307.000 денари, односно 5.000 евра, наменети за Клиничката болница во Битола.
Вкупната донација за болниците изнесува 50.000 евра, а досега помош добија здравствените установи во неколку градови: Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Општата болница во Куманово, Општата болница во Дебар и Клиничката болница во Битола.
Во следниот период ќе се реализираат уште неколку донации наменети за болниците во Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот, со цел што поефикасно згрижување на заболените пациенти.






