Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Буба Солак, ателје “Солак“

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Буба Солак  уметник, креативно ги минува деновите во изолација. Нејзиниот уметнички дух не мирува и на некој начин и помага во оваа кризна ситуација, но во тешки моменти се создавааат  уникатни дела кои ќе потсетуваат на овој тежок период на вонредна состојба. Во свој стил  за тоа како го поминуваат “работното време“ и времето за одмор таа  и нејзиното семејство ни напиша:-Сликам, сликам, сликам… преку цел ден. Контактирам со моите уценици од “Таки Даскало“ и им благодарам што се вредни и креативни и ме радуваат со цртежи кои ми ги праќаат со што сме во постојан контакт.  Но позитивно нешто во ова време-невреме е што на некој посебен начин, некако повеќе се зближивме, иако сме на дистанца. Во меѓувреме одмарам и го користам моментот “термините“ за миленици, па како што ми е паркот преку улица, супер. Постојано се надевам и мислам позитивно и се надевам дека што поскоро ќе го надминиме ова “зло“. На сите им посакувам да сме здрави, живи и сите на број. Им порачувам сите  да работат било што креативно, зашто јас, ние, мојата фамилија (сите уметници и син ми и мажот ми) многу полесно го поднесуваме ова “ограничување“ и барем во мислата и креативноста да бидеме слободни, тоа ќе ни помогне, и во нејзин уметнички стил додава:– Кога настапи убавото време започнав со засадување на  цвеќиња, си купив саксии, и со мала креативност ќе станат поубави. Нешто си шијам-кројам за мене некои парчиња, правам и додатоци/acssesoari кои ги сликам. Се подготвувам , да ми се најдат кога се ова ќе заврши и ќе излеземе надвор. Но, сепак, најважно е дека токму сега овој период имам за сликање многу платна, големи формати за што сум многу среќна и горда заради тоа. Резулатот од оваа “карантин“ работа допрва ќе видете, се работи за нешто многу важно и големо, но сега-засега ќе откријам само толку. Буба Солак, како нашиша, ја искористи оваа прилика да потсети:-Бидете креативни, бидете слободни во мислата, остварете некој уметнички сон за кој што сте немале време досега, уживајте во времето поминато со најблиските кои се со вас. Но, не заборавјте за препораките кои се универзални за сите “СЕДИ СИ ДОМА“ и чувајте се себеси и другите. Поздрав и догледање, се гледаме, ќе се изгушкаме кога се ова ќе заврши, го заслуживме тоа.

More from БитолаMore posts in Битола »