Центарот за култура од Битола, инспириран од потегот на Македонската филхармонија, по добиената согласност од Министерство за култура и Управниот одбор на институцијата, одлучи да се вклучи со донирање на средства од сопствена сметка во висина од 120.000 денари на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски “ во Битола.
Ова е можеби симболична сума за битката со COVID-19, но за нас е значајна.
Овие средства беа наменети за настани поврзани со јубилејот 40 год од нашата институција, кои оваа пролет не очекуваа.
На овој начин сакаме да им оддадеме признание на сите наши херои кои работат во Клиничката болница Битола, исто како што тие ни даваа безброј аплаузи на многу наши настани како дел од драгата наша публика.
Сакаме сето ова да помине како лош сон и да ги одржиме настаните кои ги планиравме и да ги наполниме очите и ушите со концерти, изложби, промоции, предавања, претстави….кои денес сфаќаме колку многу значат во животот.
Останете дома, на сигурно…за наскоро да се сретнеме и прегрнеме со убави мисли.
Ваш, Центар за култура – Битола






