Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во април 2010 по пет години “пелистерци“ го победија Вардар Про (фотогалерија)

-Во април 2010 година ракометарите на Пелистер им донесоа радост на навивачката група “Чкембари“ и на сите љубители на ракометот во Битола, со победата над екипата на Вардар Про, која ја немаа совладано цели пет години. Победата беше изразена  само со еден гол разлика 29;28, а на полувреме беше  16:12 сепак не ја “дава“ вистинската слика на паркетот и пеколот на трибините, вака ги започна своите сеќавања за пред дест години, Димче Миновски, доајен на битолското спортско новинарство, кој за самиот натпреавр додава:-Имам неколку новинарски белешки за овој натпревар, но ќе пренесам само малку. Пелистер го немаше победено Вардар пет години во првенство, во Куп, а ниту на пријателски натпревар. Победата беше комплетно во полза на Пелистер, не само на резултатски план, туку и во сите сегменти на играта. Ракометарите на Пелистер имаа водство од почетокот на дербито, а водството храбро го “држеа“ се до последните три секунди, кога ракометарите на Вардар ја имаа последната можност за првото израмнување, кое не се случи. Во првото полувреме разликата се движеше од 2 до 5 гола, а по 30 минути разликата беше 4 гола.-Кога почна второто полувреме ракометарите на Пелистер постигнаа два гола по ред и остварија разлика од 6 гола, што беше гаранција дека бодовите овојпат ќе останат во салата “Младост“. Вардар имаше шанса за пресврт во средината на второто полувреме кога “вардарци“ дојдоа на гол разлика, 21:20. Но, избраниците на Стевче Стефановски, предводени од 3.000 верни навивачи се издвоија на неколку голови, а таа предност ја задржаа се до последната минута.Но, и таа последна минута целосно и припадна на екипата на Пелистер.-Со оваа победа екипата на Пелистер се реваншира за поразот во есенскиот дел во Битола, кога само поради судиските одлуки во полза на Вардар натпреварот беше загубен. Екипата на Вардар во изминатите 9 средби во Битола имаше осум победи, а Пелистер само еднаш ремизираше, конкретен е Миновски, кој ја пренесува изјавата на Златко Димитровски:-Оваа победа е за нас ракометарите, навивачите и за ракометна Битола. Осум месеци играме без пари, не сме добиле плата, но докажавме колку ни значи оваа победа и колку професионалци го носат дресот на Пелистер. Изгинавме на паркетот и мислам дека подобрата екипа заслужено се радува на победата, а секако и на бодовите.Во дресот на Пелистер играа Игор Николовски, Алексабдар Зарков, Кирил Атанасовски, Игор Тосковски, Васко Димитровски, Игор Јанкуловски…, екипата ја водеше Стевче Стефановски, а помошник му беше Борче Марковски.Инаку, во дресот на Вардар Про играа битолчаните Стевче Стафновски и Бранко Ангелевски, а навивачите не ми простија на голманот Ангелов за несреќната изјава.

More from БитолаMore posts in Битола »