Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Александар Трајчевски ги колоризира старите фотографии за поинаква слика за тоа време (фото)

Битолчани на различни начини ги пополнуваат деновите во време на изолација кога полицискиот час го зазема поголемиот дел од денот, неделата…
Нашиот сограѓанин Александар Трајчевки дел од денот кога е дома, слободното време го користи за обојување на стари фотографии, а за ова вели:
-Сакам со колорозирањето на фотографиите, односно со претварање од црно-бели фотографии во колор фотографии битолчани да добијат поинаква слика за тоа време и таа да биде за ова време пореална и напоменува дека ова е аматерска колоризација.
Трајчевски ни испрати две колоризирани фотограаи заедно со оригиналните фотографии, а рече дека работи и на третата, која за брзо ќе биде готова.
Тој ни испрати стари фотографии на турски аскер фотографиран под Тумбекаде и на партизаните  кои ја ослободија Битола.
More from БитолаMore posts in Битола »