Компанијата “Лукас ММ“ на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“, поточно на инфективното одделение им донира 500 заштитни маски за повеќекратна употреба и 1.200 шишиња негазирана вода.
-Секогаш е време и секогаш има повод за донација да му се помогне некому, а посебно пред Велигденските празници. Овој пат, ние како општествено одговорна компанија, се одлучивме да да донираме во инфективното одделение при Клиничката болница, бидејќи сметаме дека во време на пандемијата кога таму се лекуваат заболени од ковид 19, помошта е најпотребна, вели Мими Талева од “Лукас ММ“.






