По повод Велигденските празници, партијата Левица преку локалниот огранок во Битола, сака да им помогне на најранливите категории и на своите сограѓани и на оние кои немаат доволно, со скромна акција под мотото “АКО ИМАШ ДОНЕСИ, АКО НЕМАШ ОДНЕСИ“.
За таа цел пред канцеларијата на Левица, на “Солунска“, до семафорите кај старата болница, поставена е закачалка каде ќе бидат оставени т.е. донирани производи за секојдневна потреба. Пакована храна, млеко и млечни производи,средства за лична хигиена,овошје и др.
Акцијата за ја започна партијата Левица со свои средства, а можи да се вклучи или да донира секој кој сака, да оддели скромен износ од својот семеен буџет.
Со едностано оставање на кеса, со донирани производи, да им помогнеме на нашите сограѓани. Акцијата ќе трае 2 дена, на 16 и 17 Април (четврток и петок).






