Press "Enter" to skip to content

Во Битола петмина новозаразени од коронавирус за последните 24 часа

Во Битола, денес од страна на Центарот за јавно здравје во Битола потврдени се  пет нови позитивни лица со  КОВИД-19.
 
Со овие пет мина вкупниот број се искачи на 14 заразени лица.
 
Минатото деноноќие во Битола испитани се вкупно 172 лица од Битола.
 
Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само две лица се хоспитализирани на инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека останатите се на домашно лекување.
 
Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство КОВИД-19, соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола. 
 
More from ВестиMore posts in Вести »