Press "Enter" to skip to content

Пациентот од интерно со коронавирус префрлен на инфективно, директорката на болницата вели се било според протоколите

-За пациент кој бил хоспитализиран на интерното одделени при клиничката болница во Битола, синоќа биле добиени резултатите според кои бил позитивен на коронавирус, а веднаш потоа бил префрлен на инфективното одделение, каде е регионалниот центар за лекување од ковид 19, потврди, денес, на прес-конференција директорката на Клиничката болница, Билјана Гагачовска.

-Пациентот, кој се водеше во дневна болницата во Психијатриската болница во Демир Хисар, беше примен прво на одделението за психијатрија, на 10 април заради влошување на неговата здравствена состојба, односно заради појава на невролептичен синдром. При влезот во болницата му била мерена температура, а тој немал, потоа бил примен на одделението за психијатрија. Неговата здравствена состојба барала интернистички третман, заради што бил префрлен на интерното одделние. Откако му се покачила температурата, во координација со епидемиолозите, заради предострожност му бил земен тест и третманот кон него бил според протоколите.На интерно одделение немал контакт со други пациенти, заради тоа што бил сместен сам в соба, односно во изолација и бил неподвижен, а медицинскиот кадар кој влегувал кај него, тоа го правел со цела заштитна опрема согласно протоколите, рече Гагачовска.

Лекарите и медицинските сестри кои контактирале со него се пратени во домашна изолација.Според Гагачовска, првата група лекари и друг медициски кадар од интерно завршувала со работа вчера, а од денес започнувала втората група, па затоа немало да има проблеми со организацијата на работата на интерното одделение.

Екипи од Центарот за јавно здравје извршиле дезинфекција и дополнително чистење на одделението според протоколите кои се пропишана за ова ситуација.

Според Гагачовска, болницата располага со целосна заштитна опрема согласно протоколите и нивоата на изложеност на медицинскиот кадар.

More from ВестиMore posts in Вести »