Свештениците во двата битолски храма “Св. Димитрија“ и “Св. Богородица“ предводени од старешините вечерва го извршуваат Христовото погребение, кое го симболизира погребот на Христос, по неговото умирање, распнат на Светиот крст, но за жал без присуство на верници, кои поради полицискиот час останаа во домовите, а празни беа и дворовите на црквите.
Верниците ги немаше да се поклонат пред светата Плаштеница, а децата ги немаше да се провнат под неа, да остават црвени јајца на масата и цвеќе.
Инаку, свештениците вечерва во текот на службата ги нагласуваат Христовите страдања и погребот кој се одржал денес, бидејќи саботата беше неработен ден. Дозволата за погреб ја дал Пилат, а фарисеите побарале стража на гробот на Христос, бидејќи тој најавил дека по три дена од смртта ќе воскресне. Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа беше поставена стража.
Свештениците вечер ќе го најават Христовото воксресение, а свештениците на вечерната служба ќе ја соопштат најрадосната вест, дека Христос воскреснал.
Во црквата “Св. Недела“ не се одржа погребението, а црквата беше затворена.

Вечерва, празни црквите за Погребението Христово, на Велик Петок (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





