Press "Enter" to skip to content

Дезинфекционите рампи на влезовите во градот (фото)

Организирано, координирано, согласно оперативниот план и проценките на стручните лица, општинскиот кризен штаб, продолжува со спроведување на превентивни мерки, на подрачјето на Општина Битола, со цел зголемување на степенот на заштита на населението од вирусот Ковид 19.  Денес, завршено е поставувањето на дезинфекционите рампи на влезовите во градот.-Почитувани, Кризниот штаб на Општина Битола, има свој оперативен план, којшто е доста динамичен, затоа што постојано се менуваат околностите, тие се различни, токму затоа и мерките се различни. Но, она што е најважно и сакам да го нагласам во овој момент е тоа што, без разлика за која мерка и да станувало збор, секоја мерка е проследена со препораки на стручни лица за изведување на истата. Токму денес, имаме и една нова мерка која што значи дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во нашиот град, на различен начин од досега, затоа што, околностите нови кои што ги имаме тоа го наложуваат. Во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на фирмата „Монтинг инженеринг“ за покажаната општествена одговорност и за изработката на овие рампи, кои што исклучително значат за нашата општина, изјави градоначалничката Наташа Петровска.За поставување на дезинфекционите рампи, изработен е сообраќаен проект за времен режим на сообраќај и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Покрај оваа превентивна мерка, продолжува и спроведувањето на масовна дезинфекција, на повеќе локации.пштинскиот кризен штаб уште од почетокот на оваа состојба ги преземаше сите мерки и активности, во рамките на своите можности и ресурси, да помогне на сите можни начини, во однос на она што значи справување со оваа криза, така што и во овој дел на дезинфекција на возилата, кои што влегуваат во градот, на почеток имавме едно поедноставно решение, затоа што сите ние се подготвувавме со сите свои ресурси и капацитети, за оној таканаречен „пик“ на заразата, така што во овој таканаречен „пик“, го стартуваме и овој систем на дезинфекција, којшто практично од сите страни и од долниот дел на возилата и странично, а и од горниот дел на возилата, врши дезинфекција, изјави Панде Богоевски, директор на ЈП “Комуналец“.

More from ВестиMore posts in Вести »