Press "Enter" to skip to content

Денес дијагностициран еден битолчанец на ковид-19

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, а со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1.081.

Според местото на живеење, во вчерашното деноноќие во Битола, е регистриран еден случај на заразен битолчанец со коронавирус,со кој досега има вкупно 15 лица, од кои 3 се оздравени.

Во Битола на инфективното одделение при Клиничката болница се хоспитализирани вкупно 8 пациенти од кои 2 се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште 8 пациенти.

More from ВестиMore posts in Вести »