Голема гужва денес насекаде низ Битола, многу сообраќај, а од Бела чешна, пред пазарот, пред “Јавор“ и низ цел центар, на секој пешачки премин има сообраќајци кои го регулираат движењето на пешаците.
Но, сепак најголеми гужви има кај продавниците за храна, почнувајќи од маалските дуќани па се до големите маркети.
Еве како изгледа пред “Веро“ каде битолчани се снабдуваат за престојните Велигденски празници и за продолжениот викенд карантин кој ќе трае до вторник, а започнува денес во 16 часот. За влез во “Веро“ се чека повече од еден час, а како ни рече Горан, редот ќе се зголеми, сега нема 10 часот, а за брзо ќе дојдат и пензионерите.






