Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен 62 годишник за закани по живот, нападнато лице во пазарот, тепачка на Широк Сокак

На 17.04.2020 во 15,55 часот на ул. “Влатко Миленковски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 62 годишник од Битола, по пријава на 28 годишна битолчанка, според која околу 14.50 часот, додека била со нејзината сестра во семејниот дом на ул. “Влатко Миленковски“, започнале расправија со нејзиниот свекор кој бил во алкохолизирана состојба, при што тој се однесувал агресивно и со нож и упатил закани по нејзиниот живот. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.04.2020 во 10.52 часот во СВР Битола, 65 годишник од Битола пријавил дека околу 10.30 часот на Градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од битолчанец на возраст од 35 години. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.
 
На 17.04.2020 во 11.46 часот во СВР Битола, 29 годишен жител на Демир Хисар пријавил дека околу 11.30 часот, пред продажен објект на ул. “Широк Сокак“ во Битола, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу пријавителот и 22 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
More from ВестиMore posts in Вести »