Иако имаа желба битолчани да бидат во храмовите на Македонската православба црква кои се во Битола, или пак на други места, сепак, поради полицискиот час кој е на сила, верниците излегоа на своите тераси и дворови и со свеќи го дочекаа Воскресението Христово.
Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а битолчани преку балкун или прозорец си ги честитаа големиот христијански празник, Христовото воскресение.
При полноќната обиколка после објавувањето на радосната вест Христос Воскресе, фотографиравме битолчани на терасите, а некои и ни испратија фотографии, кои се со различен квалитет.
[ngg src=”galleries” ids=”534″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”40″]






