Press "Enter" to skip to content

Историски Велигден поради карантинот, верниците дома, денес црквата “Св. Недела“ празна (фотогалерија)

Празникот Велигден, традиционално утрото по Христовото Воскресение, започнува кога владиците, старешините на црквите и поповите држат литургија во присуство на голем број на верници, но оваа година поради пандемијата на коронавирусот беше прославен без верниците во храмовите.Така овој Велигден помина без верници и во црквата “Св. Недела“ каде старешината отец Стеван и отците од оваа црква ја одржаа утринската богослужба.Овој Велигден ќе биде запишан во историјата на Битола поради тоа што рече отец Стеван Здравески, тој во својата црковна служба во која е 35 години не памети ваков Велигден, со празни храмови, а и во црковните книги не се сретнува дека Велигден се празнувал во ваков амбинет.-Христос со смртта ја победи смртта, па затоа сите со верба во Него ќе ја победиме и ова болест, бидејќи тој што ја победил смртта лесно ќе ја победи болеста. Знам дека сега многумина горат во желбата да бидат тука во овој храм, но и во сите храмови на Македонската православна цркна, но тие се оправдано отсутни и сите ние пак за брзо ќе бидеме во голем број, рече отец Стеван, кој покрај молитвите кон Господ. На крај свештениците ја завршија богослужбата со зборовите:ХРИСТОС ВОСКРЕСНА. Христос воскресе из мертвих смертију смерт поправ, и суштим во гробјех живот дарова. Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им дарува. НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА.

More from ВестиMore posts in Вести »