Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: за Велигден светнаа новите канделабри на Шеталиште

 

-Иако за време додека работев во Радио Битола како спортски новинар и најголем дел од работата ми беа спортските вести, имам голем број на новинарски белешки поврзани со секакви градски теми. Деновиве, кога имаме сите повеќе време дома, подготвувам материјали за нова книга или ги дотерувам старите кои чекаат за печат, најдов многу податоци. Па така овој пат се потсетив и ќе ги потсетам битолчани за тоа дека пред 10 години, за Велигден, започнаа да светат канделабрите на Шеталиштето, започна со своите сеќавања Димче Миновски.Претходно вакви канделабри имаше поставено и по Широк Сокак, поставени на статите градски куќи или пак како канделабри па затоа се комплетира со стилски уредени канделабри од плоштадот “Магнолија“ па се до Олимпискиот базен, или СОФКА како ние повозрасните го нарекувавме овој дел од градот, на крајот од Шеталиштето. Низ градското Шеталиште беа поставени повеќе од 100 стилски канделабри, вели Миновски, за дел од случувањата пред 10 години.

More from БитолаMore posts in Битола »