Press "Enter" to skip to content

Битолчани на работно место во вонредна состојба: Сања Стаматова, СВР Битола

Во време на вонредна состојба кога насекаде ја слушаме препораката “СЕДИ СИ ДОМА“, некои наши сограѓани се наоѓаат на работните места, каде во вонредни услови ги извршуваат секојдневните работните задачи.

Кога сме во вонредна состојба која трае веќе повеќе од еден месец вестите кои доаѓаат од Министерството за внатрешни работи се исто така “популарни“ како и вестите на Министерството за здравство. Еден од портпаролите кои секојдневно ни ги соопштуваат вестите од МВР или во Битола од СВР Битола е Сања Стаматова, која започна:

-Мислам дека за полицијата помалку се пишува, а јас како дел од неа сакам да ги поздравам и охрабрам полицајците и сите вработени во СВР Битола и да им кажам едно големо браво за храброста и несебичноста, за достојноста и исполнителноста да се биде на врвот на задачите. Продолжете така, вие сте нашите јунаци.Како таа го поминува работноти време вели:

Сега ќе кажам и збор два за тоа како мене ми поминува работниот ден во овие услови. Јас, како и сите вработени во Министерството секојдневно сме на работа и секое утро заедно со раководниот кадар во СВР и “Секторот за односи со јавност“ во МВР се координираме со информации, соопштенија, апели, изјави за се што се случувало минатото деноноќие, се со цел да ја информираме јавноста за целокупната безбедносна состојба на нашето подрачје, подрачјето на СВР Битола (Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод, Крушево, Д. Хисар). Сите карактеристични случувања преку Вас медиумите, новинарите, порталите ги препраќаме за да стигнат до граѓаните и додава:

-Последно време тоа се само информации за нови лица во изолација, самоизолација, прекршители на полициски час, непочитување препораки и мерки за заштита на Министерството за време на епидемија. Но, добро е стануваме свесни за состојбата, се грижиме за нас и за нашите блиски, па така полека се средуваат работите. Така и јас пред да ги отворам информациите стискам палци да е се во ред, да нема прекршувања и непочитување на мерките, да нема кражби и физички напади, да нема починати лица по разни основи и секако безбедноста на сообраќајот на патиштата да е поволна. Последно време ми успева позитивната мисла.За препораките кон битолчани за полицискиот билтен да биде “потенок“ со вакви информации и како таа го поминува времето со најмилите дома, Стаматова вели:

Привилегијата што ја имаат повеќето родители на деца до 10 години да бидат заедно со своите дечиња, дома, на безбедно и сигурно место, за жал нас вработените во Министерството за внатрешни работи не ни е дозволена. Но, добро е, се снаоѓаме, не жалам, само нека помине оваа состојба која полека ни стана реалност. Препорака од мене до сите граѓани да си ги почитуваат препораките и насоките кои ни ги даваат надлежните институции и секако “СЕДЕТЕ СИ ДОМА“ за доброто на нашите деца и нашите најмили.

More from БитолаMore posts in Битола »