Здружението Ротаракт од Битола, обезбеди донација од 50 ваучери во вредност од 1.000 денари од аптеките “Еурофамр“ и ги додели на здружението на еднородителски семејства од Битола “Дел од сите“.
Со ова донација се помага на 50 еднородителски семејства полесно да ја пребродат ситуацијата со коронавирусот, во која се затекна оваа социјално загрозена група.
Здружението “Дел од сите“ се заблагодарува за овој гест и верува дека со споделување и помагање, не постои пречка што не можеме да ја надминеме.






