Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето, соопшти владата.
Од утре забраната за движење за граѓаните од Северна Македонија ќе биде намалена за три часа, односно полицискиот час во работните денови ќе започнува од 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.
Во викенди полицискиот час ќе почнува од 15 часот во сабота и ќе трае до 05 часот во понеделник, во недела целосна забрана за движење.
Младите до 18 години, кои во работните денови ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а во сабота од 12 до 15 часот.
Лицата над 67 години во работната недела ќе можат да се движат од 05 наутро до 12 часот на пладне, додека во сабота дозволено ќе биде движењето од 05 до 11 часот наутро.






