Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со кривична пријава за лицето кое на “фејсбук“ повикуваше да се запалат и убијат лицата сместени во карантин во Битола

Лицето кое на социјалните мрежи ширеше говор на омраза и повика на линч на луѓето сместени во државен карантин во центарот на Битола, доби кривична пријава, СВР Битола го гони за сторено кривично дело ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а се работи за прилепчанец на возраст од 42 години.

-Пријавениот на 28 март 2020 во 6:51 часот, на својот профил на социјалната мрежа “фејсбук“, споделил фотографија од автобуси кои превезувале македонски државјани пристигнати од странство и биле сместени во карантин во хотел во Битола и јавно повикал лицата, кои биле донесени и сместени во хотелот, да бидат запалени и убиени, соопшти МВР.

More from БитолаMore posts in Битола »