Press "Enter" to skip to content

Не излегувајте од дома без заштитна маска, шал, марама… за покривање на носот и устата

Од денес, четврток 23 април, за сите граѓани започнува да важи уредбата на Владата за заштита од коронавирусот на населението, за носење на лична заштитна опрема за носот и устата и која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.

Физичката прекривка на носот и устата кај сите граѓани ќе овозможи прекин на преносот на вирусот.

Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

За личната и колективна заштита може да се користи маска или прекривка на устата и на носот кои целосно ги покриваат устата и носот. 

Почитувањето на оваа мерка од страна на сите граѓани е исклучително важно заради заштита на сопственото здравје, здравјето на своите најблиски и колективното здравје, зошто само со заштита може да се спречи  значајното зголемување на бројот на ново дијагностицирани пациенти.

Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен простор со одржување дистанца поголема од два метри.

Важно е редовно да се одржува хигиена на прекривката на носот и устата, односно да се пере и пегла прекривката за повеќекратна употреба по секое носење, а маските за еднократна употреба да се отстрануваат правилно во затворени кеси во отпад.