Населението што се доселувало со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден. Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата, но поради вонредната состојба традицијата оваа година нема да се одржи, велат од КУД “Илинден“ од Битола.
Жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале) денес нема да одбележат вековната традиција Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин, секој прв петок по најголемиот православен празник Велигден, кој уште е наречен Источен Петок, но гинималци велат дека традицијата ќе продолжи идната година.
Инаку, да потсетиме веќе два века, како вели претседателот на КУД “Илинден“, Антонио Димитровскаи, е стара оваа традиција, а по повод овој празник се одрчува дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое завршува на Сретсело, а населбата Гинимале (Јенимаале-тур.уeni mahaale-ново маало) била единствената населба во Битола со сретсело. Во дефилето се вклучени само групи од Културно – уметничкото друштво “Илинден“ кое од од оваа населба.






