Press "Enter" to skip to content

Битолското обвинителство предложи парични казни за уште двајца битолчани

Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението во одреден временски период, па на 21 април и на 23 април, се движеле пеш низ градот за време додека во сила бил полицискиот час.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на двајцата обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​