Press "Enter" to skip to content

Ловро Јотиќ замина од Еурофарм Работник, Марио Танковски конечно во Битола

Еурофарм Пелистер во принудната пауза и не продолжување на пролетниот дел од оваа сезона поради мерките и препораките на Владата остана без првотимецот, Хрватот Ловро Јотиќ. Јотиќ  по една сезона во Македонија, заминува во Португалија и ќе настапува за тимот на Бенфика. Иако имаше право според договорот за уште една сезона (договор година + година) во Битола, Јотиќ добил понуди од повеќе европски земји но се решил за лисабонска Бенфика.

Управата на Еурофарм Пелистер по ланскиот неуспех во преговорите со Марио Танковски поради одлуката за арбитража конечно се договори. Па така македонскиот репрезентативец, 21 годишниот средниот бек,  Танковски од Металург во “Автокоманда“ ќе се пресели во “Боро Чурлевски“.  Танкоски е првото ново име во составот на Жељко Бабиќ за наредната сезона. 

More from СпортMore posts in Спорт »