Press "Enter" to skip to content

Болница “Плодност“, најдобра и најбезбедна услуга за пациентите со двата тима

Денес, вториот тим во Болница „Плодност“, завршува со двонеделната успешна работа. Од утре, нив ќе ги замени ротациониот прв тим, кој ќе работи наредните 14 дена.

Целта и натаму останува иста – да им дадеме најдобра и најбезбедна услуга на нашите пациенти, истакнуваат од “Плодност“, и додаваат:-Најблагородната и најубавата од нив е на свет да ни дојдат што повеќе здрави новороденчиња, со среќни родители.

Две од овие убави бебиња, од денес ќе си бидат во своите домови, заедно со семејствата.