Почесниот конзул на Република Хрватска, Бранко Маретиќ, како голем љубител на уметноста не пропушта прилика да најде повод и да организира гостување на хрватски уметници во Битола, започна со своите сеќавања за тоа што се случувало во Битола, пред точно 10 години, доајенот на битолското новинарство и хроничар на Битола, Димче Миновски.
-Концерт на женска клапа се одржа во Католичката црква во Битола, по повод празникот Велигден, во организација на почесниот хрватски кознул во Битола, Бранко Маретиќ, на кој присуствуваа битолчани претежно од католичка вероисповед, но и други кои сакат да ја слушаат оваа музика. На концертот беа и дел од посните конзули од Битола, вели Миновски, и додава:
-Сакам да го пофалам нашиот сограѓанин Бранко Маретиќ, кој сега иако ја нема таа почесна функција, но е претседател на здружението “Бранко Марулиќ“, кога е во прашање организирање на културни манифестации со гостување на хрватски уметници е многу активен, вели Миновски.
Бранко Маретиќ редовно неколку пати годишно организира концерти на хрватски клапи по повод Новигодишните, Божикните или Велигденските празници и по други поводи, ја претставува и нашата култура во Хрвтска со гостување на битолски уметници. На неговите организирани настани редовно доаѓаат и амбасадорите на Хрватска.






