Press "Enter" to skip to content

24/7 аптеката “Роса Вита“ на располагање на битолчани и во овој викенд полициски час

За време полицискиот час кој започна вчера, сабота, а ќе трае се до понеделник до 5 часот наутро, аптеката “Роса Вита“ ќе работи нон-стоп, 24 часа, а за битолчани кои имаат потреба од било каков лек организира и достава во домовите.

-Продолжуваме со работно време на кое веќе се навикнавме, 24 часа на ден, седум дена во неделата. Па така ќе биде и за овој продолжен полициски викенд. Доставата во текот на целиот полициски час ќе се врши со такси-возила на компаниите кои имаат одобрение движење, вели Сузана Димовска од аптеката “Роса Вита“.

Сите оние кои имаат потреба од било каков лек да им биде доставен на домашна адреса, нарачката можат да ја направат на телефоните 047/236-468 и 070/373-272, кај дипл. фармацевт Сузана Димовска.

Аптеката “Роса Вита“ се наоѓа на влезот во Старата битолска чаршија, наспроти Уредот-влезот во Итната брза помош.