Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: не можеме да побегнеме од себе во вонредна состојба

Пандемијата со корона вирусот сите не затекна неподготвени. Во зависност од тоа како  ја  сфативме (секој различно) сериозноста на ситуацијата, сепак таа не присили сите на бројни промени и психоифизичка борба.

Некои можеби и добро се носеа  со секојдневните известувањa за новозаболени или мртви, но  постојат и оние на кои оваа состојба им внесува константен страв и депресија. Добрата вест во овој контекст е дека  од самите  себе не можеме да побегнеме.  Увидоме на еден посебен интуитивен начин дека  секој чекор кој го правиме, дури и ако е голема грешка и далеку од она што го посакуваме, не води многу поблиску до себе самите. После секое искуство ние имаме шанса да добиеме одлучност поголема сила , појасен пат и посигурна цел. Така во и после  кризната ситуација

Секој интуитивно ги увиде своите силни и слаби страни и се соочи со нивВо однос на својата личност 

-Својата подготвеност на дисциплинирано однесување во услови на изолација.

-Справување со своите емоции. Како се справи со своите амбивалентни емоции кои се менуваа во зависност од тоа како се ширеа информации за неизвесноста и сериозноста на ситуацијата со пандемијата.

-Оние кои се во брак ги увидоа своите партнерски односи и релации сега во вистинско светло. Најдоа начин да ги согледаат своите постапки и однесувања на правилен начин и со тоа  поправат некои несогласувања или однос.

  • Научивме дека – Сега во оваа ситуација повеќе од порано имавме прилика да ги прифатиме личностите такви какви што навистина се и да не трошиме додатна енергија на тоа да ги промениме и да се лутиме зошто не се поинакви.

-Своите деца како ги воспитувале и дали нивниот стил на родителство придонесе и тие да се справуваат со новата ситуација на правилен начин.

-Да размислат за вистинските вредности во животот. Што ни е најважно: нашето  здравје и здравјето на најблиските, домот, семејството…

– Да увиди кои му се вистинските пријатели.

–  Да го увиди и начинот на однесување кон своите пријатели, Пример дали сме емпатични кон нив кога се во прашање нивни проблеми.

-Дека е посилен  од колку што мисли и дека во тешки моменти ја согледа својата ментална издржливост во смисла на справување со своите емоции на страв, паника.

  • Секој стана креативен, иновативен и конструктивен со пишување на постови, хумор, ново хоби,  свои нови интереси, способности бидејќи на новите начини на однесување моравме брзо да се адптираме и слободното време да го исполниме со различни конструктивни решенија. За овој период на изолација, вонреднои мерки забрана на движење прифативме различни совети ново хоби, читање книга, гледање серии, вежбање, готвење.
  • Некој се пронајде во он- лајн животот по тоа што стекна нов начин на  работа кој го исполнува, можеби и нов ангажман за работе,  нови пријатели, нови контакти.
  • Екстровертните личности мораат да се навикнуваат на новата реалност и да пронајдат начини и техники за да се прилагодат на тој “нов свет“ кој не се вклопува во нивнииот дотогашен психолошки  свет каде ја црпеа својата енергија. Заради ова можеби  тие да чуствуваат  и поголем стрес. Развивање на техника на самосвесност,за нив ќе бидат најпотребни.

Интровертните личности свртени кон својата внатрешност на мисли, идеи, и тука ја црпат својата енергија.  Сега кога ситуацијата е променета со воведување на мерките некои од интровертите ниту почуствуваа дека животот се сменил, бидејќи и повеќе од нив овие промени ги прифатија без проблеми бидејќи тие на  големи социјални дружања се чувствуваат како „аутсајдери. 

Едно е сигурно дека 

Секој на сопствен начин сфати дека до успех и внатрешно задоволство никогаш не се доаѓа на едноставен начин и дека тој пат не е монотон и едноличен.

Многу луѓе кажуваат дека оваа година им тргна во животот многу подобро од секогаш и дека сега со кризата на пандемијата како се да застана на некој начин.

Начините како ќе почнеме со нашиот живот кога ќе заврши кризта зависи многу од чувствата ко сега ги имаме и заради тоа е потребно да Развивање на свеснот за СЕГА И ОВДЕ.

Развивање на техника на самосвесност е грижа за себе  кога животот ќе се врати во нормала, бројните обрски и забрзаниот стил нема да имате време квалитетно да си го посветиме само на себе. Заради ова кажете си дека ова можеби е еден период на успорување, застанување, размислување, и препознавање на себеси, самоспознавање со сите доблести и мани. Тоа е доволно и можеби многу. Свесност ќе постигнеме кога ќе обрнуваме внимание на сегашниот момент и она на што се бавиме без просудиување и анализирање. Кога и на тој начин да обрнеме внимание на сопствените емоции и физичките осети врзани за она што го правиме е корисно за намалување на стресот. Можеби се прашувате како тоа ќе делува на вас?

  Развивање на свесноста  има благотворно дејство на физичкото и психичкото здравје во стресни ситуации, Тоа ќе ни помогне да се носиме со лошите емоции и наместо да ги потиснуваме, или да ги решаваме со агресија и други непожелни видови на однесување.Тое ќе придонсе во нешето однесување кон другите луѓе, нашите постапки кон нив. бидејќи треба да знаеме дека врз основа на нашето однесување и луѓето се однесуваат кон нас. 

 

 Екстренмни ситуации низ историјата покажале дека човекот е во состојба да издржи и во многу полоши услови од актуелната изолација и можа да остане психички јак и стабилен ако е уверен во исправноста на идејата за која е затворен. Во овој контекст во исправноста на кризниот штаб.

Начините како ќе почнеме со нашиот живот кога ќе заврши кризта зависи многу од чувствата кои сега ги имаме, зависи од разочарувањата кои сега ќе ги доживееме, зависи од илузиите кои сега се рушат и од тоа колку квалитетно работиме на себе секој ден.

More from СоветиMore posts in Совети »