Press "Enter" to skip to content

Никола Каровски-извршен директор на “Елемтурс“: згриживме 200 граѓани во државен карантин, жал ни е што неколку лица не се задоволни во “Молика“

Хотелот “Молика“ работи по највисоки стандарди и ги запазува сите протоколи и процедури како во секојдневни услови, така и во услови на државен карантин во кои во моментов пружаме услуги, рече денес на прес-конференција, Никола Каровски-извршен директор на “Елемтурс“, кој во врска со реакциите на поединец околу храната во хотелот за време на катантинскиот престој Каровски рече:-Во врска со ситуација минатата недела, во која на хотелот му беше испорачан запакован прехранбен производ кој не беше во исправна состојба и кое нешто се утврди дури по отворањето на паковањата, сакаме да ја известиме јавноста дека од наша страна веднаш беше направен записник од фактичката состојба и писмено реагиравме до добавувачот кој има склучено договор со нас за добавување млечни производи, но исто така реакцијата се однесува и до самиот производител. Во реакцијата посочивме дека нивниот пропуст се одразува на нашиот имиџ како познат угостителски објект и бренд, а исто така и врз нашите гости, и дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропуст од нивна страна.

-Сакаме да потенцираме дека сите граѓани кои издржуваа и издржуваат државен карантин во хотелот “Молика“ се многу задоволни од престојот, условите и услугата од наша страна, и нивните коментари одат во насока на изразување благодарност за се што правиме за да им го олесниме ова , за нив, тешко искуство за кое ние имаме големо човечко разбирање, рече Каровски, а за менито во карантинот додаде:-Во однос на исхраната, хотел “Молика“ за лицата кои се во карантин во нашиот објект обезбедува мени по сите хотелски стандарди и стандарди во туризмот. Исто така, обезбедува и соодветно мени согласно побарувањата на дел од лицата во карантин
врз основа на нивните верски и религиозни определби. Сметаме дека не е во ред поединци да се обидуваат да градат друга слика во јавноста, поинаква од реалната, и апелираме до медиумите и до граѓаните кои ги следат случувањата, да не се потпираат само на искази на една личност, во кој и да е случај, па така и во овој случај.

-Сакам да нагласам дека нашите вработени работат под вонредни околности, опслужувајќи лица во државен карантин, и за жал нивната работа е отежната токму и поради неодговорното однесување на мал број тие лица кои се обидуваат да ги прекршат протоколите, но за среќа има навремена реакција од органите на редот што резултира и со казни за лицата, за што јавноста веќе беше известена, рече Каровски за ангажманот за вработените во хотелот и заврши:-Ние како хотел “Молика“  и како бренд во туризмот на нашите простори, нема да дозволиме одредени незадоволства на дел од штитениците во карантинот да бидат пренасочени кон нанесување штета на имиџот на хотел “Молика“.