Денеска се навршуваат 19 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.
На оваа одбележување беше присутно министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.
На споменикот пред СВР Битола и споменикот “Ангел“ пред саат кулата, цвече положија министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, началникот на СВР Битола, Андреј Василевски, заменикот началник Славко Јовановски, претставници на СВР Битола, колегите од специјалната единица.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, тоа го стори претходни, а цвеќе полоќија и семејствата на загинатите, политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, навивачката група “Чкембари“.
Со положување на цвеќе ја одбележаа 19 годишнината од херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, кои што ги положија своите животи во одбрана на татковината на денешен ден во 2001 година кај тетовското село Вејце.
-Со овој чин не само што се оддава должната почит кон огромната, неспоредливо најголема жртва на нашите бранители, туку се испраќа и јасна порака дека хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи, рече министерот Чулев, кој додаде:
-Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности, и натаму ќе остане отворено за семејствата на нашите загинати бранители, за бранителските организации – секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.
По повод одбележување на годишнината порача градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
-Би сакала да упатам длабока почит, кон оние млади битолчани кои во 2001 година ги
дадоа своите животи за нашата татковина. Секогаш со тага се присетуваме на сето тоа, но
примерот на овие млади луѓе, нека ни покаже како треба да се однесуваме ние во
денешницата.

Одбележани 19 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево, температурата до 24 степени
- “Генерал Филм Студио“ со награда за најдобар спот на “Netët e Klipit Shqiptar“ во Тирана (фото)
- Членовите на Сојузот на борци од Битола и годинава го испочитуваа Маршалот Тито
- Од полноќ ново поскапување на горивата, дизелот +2,5 денари, бензинот +2 денари
- Од 7 до 9 мај во Битола нов градски фестивал посветен на виното (фото)





